Енис Барди замина од Бодрум и бара нов клуб

by 24 фудбал
1 минути читање

Енис Барди си замина од Бодрумспор. Македонскиот репрезентативец во новата сезона ќе има нова средина, откако турскиот клуб потврди дека договорот со капитенот на „рисовите“ не е продолжен.

Офанзивецот се пресели во Бодрум во зимскиот преоден рок, дојде од Трабзонспор, но не успеа да помогне тимот да избори опстанок во турската Суперлига.

Му благодариме на Барди, кому му истече договорот, и му посакуваме среќа во понатамошната кариера“, соопштија од клубот.

Барди кариерата ја почна во Ујпешт, се афирмираше во Леванте каде го имаше својот најдобар период, а по Шпанија се пресели во Турција, каде сега останува слободен агент и чека нов ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×