Енигма на Островот: Зошто се откажа контролката помеѓу Манчестер јунајтед и Стоук во последен момент?

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед за денеска имаше договорено контролка со Стоук, меѓутоа истата е одложена во последен момент, иако фудбалерите од гостинскиот табор
веќе почнаа да пристигнуваат на тренинг комплексот во „Карлингтон“ со сопствените
возила.

Иако првично
причините за таквата одлука не и беа познати на тамошната
јавност, од „Олд трафорд“ веќе дадоа кусо објаснување околу тоа зошто во последен
момент го откажаа контролниот дуел, меѓутоа од таму само ја префрлија топката на другата страна.

Од Манчестер
јунајтед потврдија за „Дејли Стар“ дека контролката со Стоук била откажана
поради гостинскиот табор, но причините засега се непознати, од англискиот
медиум го контактирале Стоук барајќи одговор, меѓутоа се уште не го добиле.

Истовремено, „МЕН“ наведе дека контролката е откажана поради проблеми во тимот на Стоук, без да прецизира за што конкретно се работи, па ова секако ќе остане енигма на Островот додека од Стоук не прецизираат за што се работи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×