Емотивен момент, Кјелини му го посвети трофејот на Давиде Астори

by
1 минути читање

Кјелини трофејот од Европското првенство го посвети на претседателот на Серџо Матарела, на милионите Италијанци ширум светот и на поранешниот фудбалер Давиде Астори кој почина од срцев удар.

Давиде Астори кој беше италијански репрезентативец, почина од срцев удар на спиење пред мечот меѓу Фиорентина и Удинезе на 4. март 2018 година, на 31-годишна возраст.

Најемотивниот дел од говорот на Кјелини беше тој за Астори.

„Овој трофеј му го посветуваме на Давиде Астори, би сакале да го имаме тука со нас, тој секогаш е присутен во нашите мисли и срца“, вели Кјелини.

„Оваа група никогаш не го озагубила срцето, дури и во тешките моменти, подржувајќи се едни со други и ставајќи го интересот на групата пред индивидуалниот“.

„Тука сме не само пороади тоа што постигнавме пенал повеќе од противникот, бидејќи создадовме едно големо пријателство и ова е едно од најубвите чувства во животот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×