Стадионот на Евертон, Гудисон Парк по повеќе од 130 години заминува во историјата кога синиот клуб од Ливерпул е во прашање, денеска „карамелите“ против Саутемптон го играа последниот меч на овој терен.
Гудисон Парк беше дом на Евертон од 1892 година па до денеска, синиот тим од Ливерпул од следната сезона ќе има нов дом на кој ќе ги игра натпреварите.
Денешниот меч меѓу Евертон и Саутемптон беше посебно емотивен, домаќините победија со 2-0, но се беше во знакот на Гудисон Парк.
Од овој стадион низ годините навивачите на Евертон носат многу спомени, тука се славеле и шампионски титули, имало легендарните натпревари на нивниот тим.
Евертон од наредната сезона се сели на нов, модерен стадион, Гудисон Парк нема да биде срушен, ќе постои и понатаму, но засега е највено дека таму ќе игра женскиот тим.
Што се однесува до мечот, Евертон победи со 2-0 со два гола на Ендиаје во првото полувреме.
L4 4EL. 💙#EndOfAnEra pic.twitter.com/OYkhIcJU9w
— Everton (@Everton) May 18, 2025
Goodison in full colour and full voice. 💙#EndOfAnEra pic.twitter.com/90lUK2Yi9W
— Everton (@Everton) May 18, 2025