Емоциите го совладаа, Антони плачеше откако го однесе Бетис во финалето!

by riste
1 минути читање

Откако го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за Бетис, Антони на сите им докажа дека не само што не е лош фудбалер како што се зборуваше, туку е фантастичен.

Таков беше и на вчерашното полуфинале против Фиорентина каде даде гол и асистираше за 2-2, резултат кој го однесе Бетис во финалето од Конференциската лига.

По последниот судиски свиреж, Антони се фрли во плач, емоциите беа големи и беа показател за тешкиот период низ кој минувал Бразилецот до пред неколку месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани