Унаи Емери во моментов е прв фаворит за тренер на Њукасл, кој започнува нова ера под водство на новите сопственици кои имаат големи планови со клубот.
По вчерашната победа на Виљреал во Лигата на шампионите, Емери мораше да одговара и на прашања поврзани со гласините за негово заминување во Њукасл.
„Размислував само на натпреварот, немам дополнителни вести. Нема понуда, која треба да оди преку клубот. Фокусиран сум само на Виљареал и размислувам само на овој клуб“, вели Емери.
„Ако дојде понуда ќе ја видам и ќе речам дали клубот треба да преговара или не, бидејќи тука нема ништо друго освен интерес. Ако има нешто, ќе дискутирам со Виљареал“.
„Ниту ја затворам вратата, ниту ја отворам. Не сум рекол не на тој интерес. Би збрувал со клубот ако дојде понуда бидејќи имам голема почит кон овој клуб“.