Емери: Не беше пенал, голема судиска грешка која многу нè оштети

by
0 минути читање

Виљареал ја доби првата битка со Арсенал, но може да жалат што резултатот не е подобар бидејќи водеа со 2-0 и имаа играч повеќе.

Емери не беше благ кон судиите за досудениот пенал на Арсенал.

„Вистина е дека пеналот не беше пенал и тој нè оштети многу. Тоа е многу голема судиска грешка, а можеше да ја види и снимката. Ние имавме план за да дојдеме до победа и го остваривме тоа, но не е фер што не дојдовме до подобар резултат“, вели Емери.

„Сепак со победа ќе излеземе на реваншот, но таму треба да постигнеме гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×