Арсенал го отпушти Емери во текот на минатата сезона, а судбината сакаше во оваа токму од него да бидат елиминирани во полуфиналето од Лига Европа.
„Многу сум горд бидејќи знаеме колку овој меч е важен за нас, Арсенал се многу добар тим, но мислам дека заслуживме да ги поминеме“, вели Емери.
„Одигравме сериозен натпревар, дефанзивно бевме одлични, си помагавме еден на друг. Мислам дека првиот меч беше многу важен и тој ја направи разликата, но и денеска бевме одлични, добро се браневме, на моменти имавме посед и го контролиравме мечот. Имавме неколку шанси за гол, но тие ги имаа најдобрите можности“.
„Финалето ќе биде многу тешкок, но сега ќе уживаме во оваа победа, а потоа ќе се подготвуваме за дуелот со Манчестер јунајтед. Заслуживме да играме во финалето и ќе им го дадеме на навивачитие најдобро од нас, ќе се бориме за трофејот“.
Финалето од Лига Европа се игра на 26. мај во Гданск, Полска.