Елмас за прв пат на официјален меч на Фенербахче

by
1 минути читање

Фенербахче го потврди
пласманот во четвртфиналето од турскиот Куп откако по победата на домашен терен
со 2-0, овој пат на гостински тереб беше подобар со 0-1 од Истанбулспор.

Нашата голема фудбалска
надеж, 18 годишниот Елиф Елмас се најде на списокот фудбалери на стратегот од
клупата на тимот од Истанбул, Ајкут Кочаман, но мечот го проследи само од
клупата за резервни фудбалери, не добивајќи прилика за докажување.

Како за потсетување,
пред стартот на оваа сезона Елмас дебитираше за првиот состав на Фенербахче, но
на пријателскиот меч против Каљари, каде ги импресионираше сите со своето
одлично издание.

Инаку, веќе излезе и
видео компилација од изданието на нашиот голем талент на пријателскиот меч
против албански Кукеши, каде Елмас влезе во игра во 69. минута, а остави и
повеќе од солиден впечаток…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани