18 годишниот Елиф Елмас
ја доби наградата за најдобар млад фудбалер од страна на Куќата на фудбалот во
нашата земја, а по ова следеше и едно мини-интервју за официјалниот клупски
сајт на Фенербахче.
Тој вели дека е среќен
поради признанието кое го добил, притоа не заборави да се заблагодари до
националниот тим на Македонија, како и неговиот поранешен клуб Работнички каде
се развиваше неговиот супер-талент.
„Многу сум среќен поради
наградата, се надевам дека успесите допрва доаѓаат, би сакал да им се
заблагодарам на сите, вклучително на националниот тим и мојот поранешен клуб
Работнички. Тие беа две работи кои постојано стоеја зад мене, се надевам дека
со Фенербахче ќе претстојат големи успеси“ вели Елмас.
Фото: ffm.mk
Нашиот млад фудбалер е
среќен во Истанбул, вели дека едвај чека да започне со настапите во сениорскиот
состав, а тоа ќе се случи во јануари кога и официјално ќе биде сместен во
сениорите за натпреварите на Фенербахче. Моментално, Елмас настапува за
младинците на Фенербахче, а тренира со ѕвездите на гигантот од Истанбул.
„Среќен сум овде, ме
сакаат многу, ме почитуваат, временските прилики се навистина убави, се’ е убаво овде, едвај чекам да почнам со настапи за
сениорскиот состав“ вели тој.
Елмас додава дека
неговите очекувања со Фенербахче оваа сезона се две титули, освен во
првенството, очекува титула и во Купот на Турција.
„Навивачите постојано ни
ја даваат потребната поддршка, заслужуваат шампионска титула, ќе бидеме
шампиони на крајот од сезоната. Тимот игра во одлична форма, се надевам дека ќе
продолжиме во победничка форма, очекувам титула и во Купот, не само во
првенството“ заврши нашиот суперталентиран фудбалер.
Извор: fenerbahce.org