Во јануарскиот преоден рок, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја промени средината и како позајмен фудбалер се врати во Италија во редовите на Торино.
Елмас го напушти Лајпциг во желба за поголема минутажа, а пред да потпише за Торино разговарал и со Горан Пандев. За клупските канали на Торино, Елмас откри дека Пандев без размислување го советувал да ја прифати понудата од Торино.
„Дојдов во клуб со прекраесни навивачи и голема историја. Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвицитек ои следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултат“, изјави Елмас.
Торино ќе има можност и да го откупи договорот на Елмас на лето за сума од 17 милиони евра.