Елиф Елмас денес се
најде на неколку турски медиуми, прв објави „Фанати“, а потоа пренесоа и
останатите тамошни медиуми, се работи за тоа дека наводно стратегот од клупата
на Фенербахче наводно нема можност да пронајде место во тимот за нашиот
фудбалер кој имал слаби перформанси за време на тренинзите.
„Покажи се’ сега Елиф!“ пишува во својот наслов на веста турски „Фанатик“,
кој притоа додава дека со своите перформанси, за време на тренинзите и
натпреварите за Фенербахче, не му дава прилика да Ајкут Кочаман да го увиди
големиот талент за да добие препознатливо место на тимот, а оваа вест веќе ја
пренесоа и останати тамошни медиуми.
hurriyet.com.tr
futbolarena.com
Нашата најголема
фудбалска надеж досега реализираше пет настапи за сениорскиот состав на
гигантот од Истанбул, на кои имаше и една асистенција, но во последниов период
се најде низ насловите на турските медиуми во негативна конотација поради
крвничкиот старт што го имаше врз фудбалер на Бешикташ на натпревар на У21
категориите, по што речиси го „снема“, како од младинскиот, така и од
сениорскиот состав на Фенербахче.
Извор: fanatik.com.tr