Елмас: Веќе три месеци размислувам само на ЕП, друго ништо не ме интересира, не се задоволувам само со пласманот

by
1 минути читање

Македонија од синоќа ги почна подготовките за историскиот настап на Европсокото првенство, еден од главните наши адути е Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи размислува како вистински шампион, не се задоволува само со пласманот на континенталниот собир, вели дека нашата репрезентација не оди таму за да се прошета.

„Чувството што сме дел од Европското првенство е прекрасно, свесни сме што направивме досега, но и селекторот и сите ние размислуваме на уште поголеми успеси и се надевам дека тоа ќе се случи“, вели Елмас.

„И по натпреварот со Грузија кажав дека јас не се задоволувам само со пласман на Европско првенство. Сега нашата цел е да одиграме добро на ова првенство и да направиме уште поголеми успеси, се зависи од нас“.

„Три месеци веќе размислувам само за Европското првенство, откако пристигнав во хотелот се друго оставив на страна, ме интересира само ова, ова е животна желба на секој играч. А тоа што доаѓаме од мала држава го прави овој настап голем и за целиот народ. Трема секако дека има, секој спортист мора да има трема, мора да има некое жарче во вас што го чувствувате. Гордост е да го претставувате народот, земјата во која сте родени, израснати…“.

„Македонија може многу големи работи да направи на Европското. Пред ова имавме Лига на нации и квалификации за ЕП каде со добри противници стигнавме до третото место. На Европското првенство треба да докажеме дека таму не сме за само да се прошетаме, знаеме со кои противници играме, но тоа не не плаши затоа што и претходно сме играле со толку големи репрезентации. Одиме таму да одиграме најдобро што можеме, одиме да ја поминеме групата и да стигнеме најдалеку што можеме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×