996
Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во вчерашниот натпревар за Торино го постигна својот првенец во новиот клуб.
Елмас во листата на стрелци се запиша во 62. минута, но сепак тоа не беше доволно за позитивен резултат бидејќи, Болоња направи пресврт и славеше победа од 3:2.
Тренерот на Торино, Паоло Ваноли по натпреварот ја истакна важноста на Елмас.
„Натпреварот несреќно го загубивме. Елмас ни дава поголем квалитет, тој е важен фудбалер и веќе го покажа тоа во Неапол“, изјави Ваноли.
Ќе потсетиме, Елмас овој јануари пристигна во Торино на позајмица од Лајпциг.