„Дијамантот“ важи
за една од најважните алки во играта на Македонија, но вечерва не можеше да
помогне против Косово. Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и во карантин во
својот дом во Неапол.
Тој сепак го
облече дресот на репрезентацијата и пред почетокот на мечот испратил емотивна
порака до Горан Пандев и останатите како мотивација плус за победа.
„Не можам да
бидам со вас, но тоа е што е, да сум здрав и жив. Моето срце секогаш е со вас. Ви
посакувам многу среќа. Знаете за што играте, знаете дека играте за едно големо
натпреварување како Европското првенство. Дека играте за бате Горан, за цела
Македонија, за цела нација. Играте за вас, за вашите семејства, децата кои
сонуваат да ве видат на големо натпреварување. Знам и сигурен сум дека ќе излезете
како победници. Немам што друго да кажам, се гордеам со вас“ – порача Елмас.