104
Елиф Елмас се
уште го нема победено ковид-19, како што пренесува „Ил Матино“, последниот тест
на Македонецот бил позитивен. Истото важи и за Пјотр Зелински, вториот член на
Наполи заразен со коронавирус.
Па двајцата се
под голем знак прашалник за дербито со Аталанта на 17. октомври.
Елиф Елмас и Пјотр
Зелински треба да имаат два негативни теста во период од 48 часа за да добијат
дозвола да се вратат на тренинг со останатите соиграчи.
„Ил Матино“
додава дека двајцата се чувствуваат добро и се асимптоматски, во текот на
денот ќе им бидат направени нови тестови.