249
Наполи
неочекувано загуби дома од Емполи за трет пораз на последните пет натпревари во
Серија А.
Домаќините не
одиграа на потребното ниво, но и покрај тоа имаа неколку убави прилики, нашиот
Елиф Елмас ја погоди пречката а голот на Жесус беше поништен со ВАР.
Среќата не ги
посака ниту пред сопствениот гол, по еден корнер, Ангиса во обид да расчити, го
погоди Кутроне во глава, топката се одби кон голот, Оспина реагираше неспрено
па Емполи поведе со 0-1.
Неколку минути
подоцна, Петања се закани, но и неговиот удар заврши во рамката од голот и
остана водството на гостите.
Елиф Елмас во
финишот од мечот беше повлечен од игра откако се пожали на повреда на скочниот
зглоб.