Комо и Наполи одиграа без голови 0:0 во 35. коло од Серија А, а Ељиф Елмас остана на клупата.
Најголемата шанса ја имаше Анастасиос Дувикас во раната фаза, но не реализираше од непосредна близина. Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ потоа ги одбрани обидите на Асада Дијоа и Мартин Батурина.
Во финишот се заканија Скот Мектоминеј и Матео Политано кој ја погоди стативата. За Наполи на клупата остана македонскиот фудбалер Ељиф Елмас.
Комо е петти со 62 бода, додека Наполи останува втор со 70, зад лидерот Интер кој утре против Парма со бод и математички ќе стане шампион.