Турскиот гигант од
Истанбул се уште крои планови за остатокот од сезоната во Суперлигата, претстои
голема битка за титулата во тамошниот шампионат, а стратегот од клупата на
жолто-црните, Ајкут Кочаман размислува и за нашиот 18 годишен фудбалер Елиф
Елмас.
Како што известува „Sporx“, Елмас е планиран да биде дел од листата на странски
фудбалери на Фенербахче за вториот дел од сезоната, познато е од поодамна дека
Ван Перси ќе си замине од тимот, а тоа остава едно празно место во исполнетите
14, колку што може да има Фенербахче интернационалци во својот состав.
„Нема да ги разочарам
оние кои веруваат во мене“ вели Елмас.
„Сакам да бидам дел од
овој тим и да помогнам во остварувањето на амбициите во шампионатот“ додаде
тој.
Извор: sporx.com