Елмас: Ќе играме за себе, за тимот, но и за целата држава!

by
1 минути читање

Во четврток со
почеток од 18 часот се игра историскиот меч помеѓу Грузија и Македонија за
пласман на Европското првенство идната година, меч кој може да испише нови
страници од историјата на нашиот национален состав.

Елиф Елмас во
овој натпревар гледа своевидно финале, но сосема разбирливо е дека очекува
голема борба на теренот, младиот фудбалер на Наполи порача дека тој и неговите соиграчи
ќе играат за себе, за тимот, но и за целата држава.

Не
очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е
голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме
својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на
сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство,
но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас
“ вели нашиот интернационалец од Наполи.

Оптимист
сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата
држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство
“ додаде Елмас.

Фото-вест: ffm.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани