18 годишниот македонски
интернационалец од редовите на турскиот гигант Фенербахче, Елиф Елмас и
дефинитивно ќе биде дел од Суперлигашот во вториот дел од сезоната.
„Ние имаме можност и
опција да регистрираме само 14 странски фудбалери на списокот, Елиф ќе биде дел
од таа листа“ потврди за тамошните медиуми, стратегот од клупата на Фенербахче,
Ајкут Кочаман.
Според информациите кои
ги пренесува „Sporx“, се вели дека Елмас импресионира на тренинг кампот во
Белек, каде црно-жолтите се подготвуваат моментално, а во сенка е 22 годишниот
фудбалер од средниот ред, Озан Туфан, кој има и 31 настап за сениорскиот состав
на Турција.
Македонскиот лав се бори за место во тимот: Елмас го импресионирал Кочаман на тренинг меч во Белек!
Истиот медиум наведува
дека Елмас ќе го заземе местото на Туфан кој со девет настапи и три погодоци во
првиот дел од сезоната беше еден од стандардните членови во составот на
Кочаман.
Извор: sporx.com