191
Елмас беше еден од шестте играчи на Наполи кои беа позитивни во изминатиот период.
Тој доби позитивен тест на ковид-19 пред да се врати во Италија по божиќната пауза, и мораше да остане во Македонија додека не оздрави.
„Последниот тест на Елмас за ковид-19 направен вчера е негативен, тој може да се врати во Италија“, се вели во соопштението на Наполи.
Утре Наполи му гостува на Јувентус во големото дерби, но нејасно е дали Елмас ќе биде во составот за овој дуел.
Можно е натпреварот и да не се одигра бидејќи локалните здравствени властиво Неапол ја разгледуваат можноста за забрана за патување на северот поради големиот број на случаи на ковид-19.