503
Лајпциг и Торино се договорија за позајмица на Елиф Елмас која денеска треба и официјално да биде комплетирана.
По краток престој во Германија, Елмас се враќа во Серија А, а негов нов клуб ќе биде Торино. Трансферот е договорен, остануваат уште формалностите.
Елмас денеска ќе биде во Торино каде ќе треба да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот.
Торино во договорот за позајмица со Лајпциг има и опција за целосен откуп за 17 милиони евра.