„Елиф Елмас, новото злато на Наполи кој веќе вреди 70 милиони“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Големото дерби меѓу Милан и Наполи кои се борат за Скудетото, го реши Елиф Елмас откако погоди со глава во 5. минута по центаршут на Зиелински.

Нашиот фудбалер е главен во италијанските медиуми, а „Ла Република“, излезе со наслов: „Елиф Елмас, новото злато на Наполи кој веќе вреди 70 милиони“

Весникот потенцира дека Елмас во својата трета сезона, под водство на Спалети игра во најдобра форма откако во 2019 година пристигна во Наполи.

Поради младоста и квалитетот кој го поседува, неговата вредност на трансфер пазарот е 70 милиони евра. Тој важи за еден од најдобрите млади фудбалери во најдобрите 5 лиги во Европа.

„Ла Република“ потенцира и дека големо олеснување за италијанската репрезентација е фактот што Елмас нема да игра за Македонија во баражот против нив, поради суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×