Елиф Елмас иако веќе не е дел од Наполи, љубовта кон клубот од југот на Италија не стивнува. Македонскиот репрезентативец со срце навива за својот поранешен тим и гордо ја следи секоја нивна победа.
Елмас беше дел од генерацијата што го донесе Скудетото во Неапол пред три години, а иако денеска игра на друго место, остана емотивно врзан за „азурите“. По најновата титула на Наполи, Елмас не остана рамнодушен и преку социјалните мрежи испрати искрена честитка до поранешните соиграчи.
„Напред Наполи, секогаш“, напиша Елмас, покажувајќи дека еднаш Наполи – секогаш Наполи.