Манчестер
јунајтед се враќа со 1-1 од гостувањето на „Ванда Метрополитано“. Атлетико
поведе рано, Жоао Феликс во 7. минута донесе 1-0. Избраниците на Диего Симеоне
потоа го имаа натпреварот под контрола, но една грешка ги врати гостите во
живот.
Реинилдо лошо процени
една топка, Еланга изби сам пред Облак и прецизно биеше за 1-1, ова беше првиот
шут на „ѓаволите“ во рамките од голот.
На вториот
вечерашен натпревар, АЈакс два пати водеше на „Луж“ но Бенфика се избори за
2-2.
Тадиќ ги донесе
гостиет во предност од 0-1 во 18. минута, за Алер да ја затресе сопствената
мрежа во 26. минута за 1-1.
Напаѓачот се
искупи по половина час игра и го донесе Ајакс во предност од 1-2, но Јаремчук
го имаше последниот збор и во 72. минута стрелаше прецизно за 2-2.