Ел Шарави: Мурињо е тренер кој сакате да го слушате, се надевам дека долго ќе работам со него

by
1 минути читање

Ел Шарави има одлични партии во дресот на Рома иако тимот во последно време не игра на највисоко ниво. Тој е импресиониран од работата со Мурињо.

„Ова е проект на долги стази, но ние сме професионалци и мора да дадеме се од себе за колку што е можно побрзо да излеземе од оваа криза“, вели Ел Шарави.

„Кога имате тренер како Мурињо тоа е многу мотивирачки за вас, тој ви помага да се искачите на ново ниво. Тој е брилијантен мотиватор и се однесува добро со сите во Тригорија, не само со фудбалерите“.

„Тој е тип на тренер кој сакате да го слушате. Знае како навистина да ве запали. Имам тригодишен договор и се надевам дека тој ќе остане тука колку што е можно подолго“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×