Битката ќе биде за ангажман на Франк Кеси и Антонио Ридигер, на двајцата фудбалери актуелните договри им истекуваат ова лето.
Финансиската ситуација на клубовите направи да стане модерно ангажирањето на слободни фудбалери. Минатото лето на таков начин Реал Мадрид го донесе Алаба, а Барелона потпиша со Депај, Гарсија и Агуеро.
Франк Кеси засега ги одбива понудите на Милан за нов договор и како што стојат работите во моментов многу поголеми се шансите тој да замине отколку да остане на Сан Сиро.
Кеси се поврзуваше со Барселона, но „АС“ тврди дека интерес има и од Реал Мадрид кој во него гледа природна замена за Касемиро.
По заминувањето на Рамос и Варан, Реал Мадрид е тенок во одбраната, ангажманот на Алаба не е доволен, па идеално сценарио за Реал Мадрид е потпис со Ридигер кој маестрално ја почна оваа сезона. Сините се трудат да го задржат, но тој засега ги одбива предлозите за нов договор.
Понуда за Ридигер се очекува да пристигне и од Барселона која исто така има потреба од дефанзивец.
Но во битката по потписот на овие двајца фудбалери се очекува да се вклучат и останатите гиганти, пред се ПСЖ кој е во состојба да им понуди мега договори.