„Експрес“: Роналдо ќе си замине доколку работите не тргнат на подобро за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо по цели 12 години се врати во Манчестер јунајтед, меѓутоа работите во
новата сезона не се одвиваат онака како што очекуваа навивачите на клубот од „Олд
Трафорд“.

На последните пет
меча во Премиерлигата, „Црвените ѓаволи“ запишаа само една победа, а три
порази, од кои најболен беше оној на свој терен од Ливерпул со 0-5, што
дополнително го разниша столчето на Оле Гунар Солшер.

Сево ова наводно
донело загриженост кај Роналдо, за кого „Експрес“ наведе дека би можел да
притиска во клубот да си замине од истиот идното лето, во случај работите да не
тргнат на подобро во периодот кој претстои.

Самиот Португалец
во една изјава неодамна за „Скај Спортс“ јасно наведе за причините поради кои е
вратен на „Олд Трафорд“.

Јас и претходно
споменав, го почувствував тој момент, тука дојдов да освојувам титули
“ рече
Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани