152
Шпанскиот голман Серхио Рико, даде интересна изјава со која откри како гледа на својата позиција меѓу стативите.
„За да бидеш голман, мораш да си барем малку луд. Инаку, како би застанал пред играчи кои шутираат од пет метри со удари посилни од 100 километри на час?“ изјави Шпанецот.
Рико со оваа реченица совршено го опиша адреналинот и храброста што ја бара голманската улога, професија во која една грешка може да направи разлика меѓу херој и виновник.
Во моментов Серхио Рико брани за Ал Гарафа во Катар чиј член е од минатиот септември. Претходно тој бранеше за ПСЖ, Мајорка, Фулам и Севиља.