Eкс-фудбалерот на Реал удри по Камвинга: Глупав е, не можете да направите такво нешто!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Весли Снајдер, жестоко го критикуваше францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга по неговото, според многумина непотребно исклучување, кое одигра клучна улога во елиминацијата на мадридскиот клуб од Лигата на шампионите од Баерн.

По драматичниот дуел во Минхен, Снајдер не го криеше својот бес поради однесувањето на Камавинга на теренот, нарекувајќи го неговиот потег „неодговорен“ во толку критичен момент од натпреварот.

„Камавинга е глупав! Не можете да правите вакви грешки во оваа фаза од натпреварот“, остро изјави холандската легенда.

„Го стави својот тим во исклучително тешка позиција и му даде чиста предност на противникот.“

Снајдер тука не застана, туку додаде дека соиграчите требало поинаку да реагираат по натпреварот, наместо да ја трошат енергијата на судијата.

„По последниот свиреж, играчите на Реал Мадрид требаше веднаш да заминат во соблекувалната и таму да го истурат бесот врз него, бидејќи тој е причината за оваа катастрофа, наместо да се жалат на судиските одлуки“, додаде Снајдер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×