Егзодус во Динамо: Си одат дури 17 фудбалери, меѓу нив се Ристовски и Адеми

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб на големо најавува ремонт по една од најслабите сезони во последните две децении! „Модрите“ останаа без трофеј, а новиот прв човек Звонимир Бобан подготвува вистинска чистка во соблекувалната.

Како што пренесуваат „Спортске Новости“, Динамо летово ќе се раздели со дури 17 фудбалери, во обид комплетно да се освежи ростерот и да се постават нови темели на тимот. Новиот тренер Марио Ковачевиќ ќе има тежок предизвик – да склопи конкурентна екипа со целосно нови имиња.

Клучните играчи се на излезна врата – Стефан Ристовски веќе си замина, а и Аријан Адеми е пред заминување. Најдобрите домашни фудбалери, Петковиќ, Батурина и Пјаца добиле понуди за нови договори со намалени примања, што не им се допаднало, па по одбивањето дошло до конфликт со Бобан, кој реши да ги пушти на трансфер-листа.

Мбуку, Фрањиќ, Рог и Оливерас се веќе минато – завршија со позајмиците и се вратија во своите матични клубови.

Динамо влегува во жешко лето и турбулентен преоден рок, а Бобан има задача одново да изгради екипа што ќе биде способна за доминација на домашната сцена и за настапи во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани