193
Нигерија дојде до
минимален триумф против Египет во првото коло од групата „Д“ од Африканскиот
куп на нации, со тоа што победникот на овој меч беше решен уште во првите 45
минути игра.
Ихеначо во 30
минута го постигна единствениот гол на оваа пресметка за триумф на Нигерија,
која постојано притискаше кон голот на противникот.
Алжир и Сиера
Леоне одиграа без погодоци во првата пресметка денеска, а со почеток од 20
часот се среќаваат Судан и Гвинеја Бусау, кои воедно се дел од групата каде се
сместени Египет и Нигерија.