141
Лука Модриќ вчера се збогуваше со Реал Мадрид и навивачите на „кралевите“ откако го одигра својот последен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.
Соиграчите му припремија шпалир во моментите додека го напушташе теренот во 85. минута против Реал Сосиедад.
Хрватскиот ветеран доби силни овации како благодарност за се што направи за клубот откако пристигна во 2012 година.
На социјалните мрежи сега се појави и видео од таткото на Модриќ, Стипе кој во тие моменти едвај ги задржуваше солзите додека неговиот син го напушташе теренот.
@fernando1arus Emoción del padre de Luka Modric… @Real Madrid C.F. @Nikon Europe @Nikon USA ♬ sonido original – Fernando1 Arus