Едно време го бараа великаните, а сега по Саудиска Арабија и Мексико ќе заигра и во САД

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот фудбалер Алан Сен Максимин ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, откако постигна договор со Шарлот.

Некогашниот голем талент на францускиот фудбал веќе ги поминал лекарските прегледи во Лондон и наскоро ќе стави потпис на тригодишен договор со американскиот клуб.

Сен Максимин важеше за еден од највозбудливите офанзивци во Европа и му се предвидуваше блескава кариера. Во текот на кариерата настапуваше за Сент Етјен, Монако, Хановер, Бастија, Ница, Њукасл, Ал Ахли, Клуб Америка и Фенербахче, а најголема афирмација стекна во дресот на Њукасл. Сепак, за него постоеше голем интерес и од европските великани како Челзи, Арсенал, Тотнем, Милан…

Иако поседуваше огромен потенцијал, Французинот никогаш не ги исполни целосно високите очекувања. По авантурата во Саудиска Арабија, сега на 29 години се реши за нов предизвик и преселба во САД, каде што ќе го носи дресот на Шарлот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×