Една позитивна работа за Борусија Дортмунд од трансферот на Халанд во Манчестер Сити

by
1 минути читање

Оваа недела треба
да се разреши иднината на Ерлинг Халанд, утрово голем број на извори пренесоа
дека се е договорено за негов трансфер во Манчестер Сити и наскоро ќе пристигне
официјално соопштение.

Како што пренесува
Скај Германија, Ерлинг Халанд го известил раководството на Борусија Дортмунд
дека ова е неговата последната сезона, а во исто време, генералниот извршен
директор на Манчестер Сити, Феран Соријано му пренел на својот колега Ханс Јоаким
Вацке дека „граѓаните“ ќе ја активираат откупната клаузула од 75 милиони евра.

За Борусија
Дортмунд позитивно е тоа што целата сума мора да се плати веднаш, во последните
неколку години редовна практика е големите трансфери да се плаќаат на неколку
рати, но Манчестер Сити сега ќе мора да искешира 75 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×