Една добра сезона и цената му порасна за 4 пати, Челси е главен фаворит за трансфер од 60 милиони на Хујсен

by bojan
1 минути читање

Челси се посочува за главен фаворит за потписот на Дин Хујсен, младиот дефанзивец со добрата сезона во Борнмут го привлече вниманието на Реал Мадрид, Ливерпул, Арсенал, Њукасл и Тотнем.

Дин Хујсен важеше за еден од најперспективните дефанзивци уште кога беше дел од Јувентус, но одличната сезона во дресот на Борнмут го крена на едно скалило повеќе.

Гиганти како Реал Мадрид, Ливерпул, Арсенал, Њукасл, Тотнем и Челси го сместија Дин Хујсен во своите бележници.

Последните информации велат дека токму Челси е главен фаворит за потписот на 20 годишниот дефанзивец, кој неодамна дебитираше во репрезентацијата на Шпанија.

„Сините“ се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула од околу 60 милиони евра (50 милиони фунти) и да ја победат конкуренцијата.

Дин Хујсен во Борнмут се пресели во трансфер вреден околу 15 милиони евра, па ако летоска биде продаден за 60 милиони евра, неговата цена ќе му порасне за 4 пати по само една добра сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани