8
Един Џеко се врати на тренинзите на германскиот второлигашки лидер Шалке 04.
Босанскиот напаѓач беше надвор од тимот поради повреда на рамото заработена на натпреварот против Италија, но рехабилитацијата минува успешно и веќе се работи на враќање во натпреварувачки ритам. Засега тренира индивидуално, без контакт со остатокот од тимот.
Шалке е на чекор до враќање во елитата, со 61 бод на врвот на табелата, три повеќе од Падерборн, што дополнително ја зголемува важноста на секој натпревар до крајот.
Сепак, приоритет број еден останува здравјето на напаѓачот, особено поради обврските со Босна и Херцеговина, која ја очекува настап на Светското првенство против Канада, Швајцарија и Катар.