Се чини дека Чаби Алонсо е сè поблиску до тренерската позиција во Реал Мадрид. Менаџерот на Баер Леверкузен се очекува да го наследи Карло Анчелоти кој заминува од клубот.
Додека се чека расплетот околу иднината на Алонсо, Леверкузен веќе прави планови за периодот по него. Главен кандидат за нов тренер на „фармацевтите“ е поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Холанѓанецот остана без работа по заминувањето од „Олд Трафорд“, а во меѓувреме беше поврзуван со неколку европски гиганти, меѓу кои Борусија Дортмунд, Јувентус и Рома. Сепак, според најновите информации, тој дал позитивен одговор на можноста да го преземе кормилото на актуелниот шампион на Бундеслигата. Инаку, Тен Хаг во изминатите години стана еден од најкритикуваните тренери на денешницата додека го водеше тимот на Манчестер Јунајтед.
Ако преговорите со Тен Хаг не вродат со договор, Леверкузен наводно ќе се насочи кон друго големо име – Чави, кој неодамна се раздели со Барселона.