Еден од најдобрите турски напаѓачи му се восхитува на Јаховиќ: Во него гледам вистинска конкуренција на листата на стрелците

by
2 минути читање

Ретко кој очекуваше дека
Гезтепе по влезот во турската Суперлига првиот дел од сезоната ќе го заврши со
30 бода и ќе биде рамо до рамо со гигантите од типот на Галатасарај, Фенербахче
и Бешикташ.

Но, тоа се случи
најмногу благодарение на нашиот 30 годишен напаѓач од редовите на тимот од
Измир, Адис Јаховиќ, кој со 14 погодоци е на делба на првото место на листата
на стрелците во лигата заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај, како и Бурак
Јилмаз од Трабзон.

Говорејќи во интервју за
„Хуријет“, 32 годишниот Јилмаз кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во
турскиот фудбал ги пренесе своите импресии од изданијата  на Македонецот.

Има многу добри
фудбалери во нашата лига, Гомис и Јаховиќ се навистина важни фудбалери за
своите екипи. Да се натпреварувам со нив на листата на стрелците ми претставува
голема чест за мене како Турчин. Мислам дека Јаховиќ е еден чекор понапред во
однос на сите останати во неговата екипа. Тоа го велам бидејќи доколку играш за
екипа во Анадолија, тогаш многу лесно можеш да се пронајдеш себе си на повеќе
позиции. Знаеме дека денес сите знаат да играат фудбал, и многу е потешко кога
сте фаворит а играте против екипа која гори од желба да се покаже против вас.
Искрено, го гледам Јаховиќ како вистинска конкуренција на листата на стрелците,
ми се допаѓа премногу како игра. Секако, тука се и Гомис и Вагнер Лов кои се
исто така добри фудбалери, ќе видиме што ќе се случи до крајот на првенството

истакна Јилмаз.

 

Извор/Фото-вест: hurriyet.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани