Eден од најдобрите босански фудбалери се сели во Премиер лигата за 35 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Амар Дедиќ наскоро ќе стане нов фудбалер на Њукасл и кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига.

Трансферот го потврди германскиот новинар Флориан Плетенберг, кој објави дека сите детали се договорени и останува само зделката официјално да биде објавена.

Њукасл за услугите на 23-годишниот десен бек ќе плати 35 милиони евра. Дедиќ, пак, уште претходно ги договорил личните услови со англискиот клуб.

Босанскиот репрезентативец со „црно-белите“ ќе потпише договор со важност до летото 2031 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×