Еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата ќе го промени клубот без отштета!

by Стефан
0 минути читање

Капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи нема да го носи дресот на екипата од Лондон наредната сезона, потврди тренерот овој тим Оливер Гласнер.

Гуехи и во овој преоден рок беше блиску до заминување, Ливерпул до последен момент се обидуваше да го доведе, но на крајот не успеа.

„Марк веќе ни кажа дека нема да потпише нов договор и дека ќе замине наредната сезона. Сака да започне нова фаза од неговата кариера“, изјви австрискиот тренер пред натпреварот со Бормут.

Натпреварот помеѓу Палас и Бормут се игра денеска во терминот од 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×