Таблоидот „Сан“
им направи големи проблеми на Месут Озил, Пјер Емерик Обамејанг, Александре
Лаказет и Матео Гендузи откако објави снимки од безбедносни камери на кои се
гледа како ѕвездите на Арсенал вдишуваат „гас за смеење“.
На видеото со
балон во уста можат да се видат и Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац, додека пак
Хенрих Мхитарјан исто така е присутен, но не вдишува ништо.
Забавата се
случила во Лондон во август месец, односно пред почетокот на сезоната. „Гасот
за смеење“ се користи како анестетик во медицината, не е нелегален да се
поседува, но нелегално е да се продава на други.
Поради тоа што
создава еуфорија, се користи и како дрога, во последно време е особено популарен, и на „Островото“ е познат како „хипи
крек“. Во мали количини
тој е безопасен, но во големи може да предизвика срцев удар, кома па дури и смрт. Од
видеото кое го објави „Сан“ се гледа како 19 годишниот Матео Гендузи се
онесвестува.
Од Арсенал
експресно се огласија и најавија дека ќе разговараат со играчите и ќе ги
потсетат кои се нивните одговорности.
Во минатото,
поради користење на „гас за смеење“ во проблеми се најдоа Рахим Стерлинг и Кајл
Вокер.