Ѕвезда на Евертон и добар пријател на Нејмар ќе го замени Мбапе во ПСЖ

by
1 минути читање

И повеќе од
веројатно е дека Нејмар има свој придонес во тоа што ПСЖ во моментов е пред
ангажман на неговиот добар пријател и сонародник, Ришарлисон од Евертон, кој се
споменува како замена за Килијан Мбапе кој е пред трансфер во Реал Мадрид.

Речиси и да нема
дилеми во тоа дека 22 годишниот Мбапе посакува да си замине од француската
престолнина, а во ПСЖ веќе го подготвуваат теренот за таквото сценарио, со тоа
што веќе се почнати преговорите со агентите на Ришарлисон, за кои се верува
дека во моментов се во Париз.

„ЕСПН Бразил“
известува дека преговорите помеѓу агентите на Ришарлисон и ПСЖ треба да се
интензивираат утрово, а медиумот додава дека во Евертон се загрижени поради
развојот на настаните од причина што влегуваат во голема неизвесност во самиот
финиш од летниот преоден рок, а повеќе од јасно е значењето на Бразилецот во
тимот на „Карамелите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×