Ѕвезда на Челси е прва желба на Анчелоти за засилување на лето

by
1 минути читање

Искусниот
италијански фудбалски стратег од клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има
голема желба во својот тим да го добие бекот на Челси, Рис Џејмс, и тоа уште во
летниот преоден рок.

Бекот на Челси
импресионираше во обата меча против „Кралевите“, а тоа го принуди Анчелоти да
побара од раководството на клубот да стори се
што е во негова моќ да му го доведе во тимот.

„Мирор“ наведува
дека скаутите на Реал Мадрид под будно око го следеле Џејмс сезонава на осум
натпревари, а тој и покрај проблемите со повредите, сезонава засега запиша шест
погодоци и седум асистенции.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×