Џордан Хендерсон се појави пред Енфилд за да му оддаде почит на Диого Жота и не можеше да ги задржи солзите (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон попладнево се појави пред Енфилд за да му оддаде почит на Диого Жота, фудбалерот на Ајакс не можеше да ги задржи солзите.

Светот на фудбалот синоќа беше потресен од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре, кои починаа по страшна сообраќајна несреќа во областа Замора во Шпанија.

Фудбалерите кои имаа прилика да делат соблекувална или да се сретнат на терените со Португалецот испратија емотивни пораки на социјалните мрежи, додека илјадници навивачи оставија цвеќиња и други предмети пред стадионот, додека клубот отвори книги на сочувство кои ќе можат да се потпишат во наредните неколку дена.

Помеѓу оние кои денеска се појавија пред Енфилд беше и поранешниот капитен Џон Хендерсон, кој од Амстердам се врати во Ливерпул за да му оддаде почит на Диого Жота.

Англичанецот остави цвеќе и шал, и не можеше да ги задржи солзите.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×