Џоел Глејзер до навивачите на Манчестер јунајтед: Извинете поради направените грешки

by
1 минути читање

Џоел Глејзер им
вети на навивачите на Манчестер јунајтед дека по крајот на актуелната сезона ќе
разговара со нив по огромното незадоволство од нивна страна кое резултираше со
масовни протести поради инволвираноста на клубот во т.н. Европска Супер Лига.

Ги разгледав
сите ваши барања, вашата љубов и пасија за овој клуб е мошне јасна, лично се
почувствував како понижен во некои делови од вашето писмо, вие конкретно
објаснивте зошто нашата поддршка за Европската Супер Лига ве остави да се
чувствувате вознемирено, како и обезправено, но и како предадени
“ стои во
писмото на Глејзер кон навивачите на Манчестер јунајтед кои претходно понудија
план составен од пет точки и побараа брза реакција од клубот во рок од седум
денови.

Би сакал да го
повторам моето искрено извинување за направените грешки, сакам да дадам
дознаење дека е потребна промена, но со искрена и редовна комуникација со вас,
како наш главен навивачко репрезентативно тело кое ќе ни помогне од аспект на
решавање на многу проблеми околу клубот, вклучувајќи ги воедно и
натпреварувањата во кои сме дел
“ додава косопственикот на Манчестер јунајтед во писмото.

Истовремено, ја
разбираме и согледуваме потребата од вметнувањето на навивачите во носењето
клучни одлуки во клубот, отворени сме за конструктивни дискусии за тоа како да
го реформираме тој дел од функционирањето на клубот
“ нагласува Глејзер.

Навивачите на
Манчестер јунајтед дури и влегоа на теренот од „Олд Трафорд“, по што беше
одложено и големото дерби со Ливерпул, а ставија јасно дознаење дека посакуваат
промени во клубот, а првично заминување на семејството Глејзерови од клубот,
кои се инаку мнозински сопственици на Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×