171
Челси за Вернер плати околу 55 милиони евра, но напаѓачот не ги остварува очекувањата. Тој нема постигнато гол од победата над Шефилд јунајтед со 4-1 минатиот месец.
„Мислам дека Вернер кога доаѓа од таа лева страна е многу, многу опасен, но му недостасува финиш, сепак тој е млад и ќе го поправи тоа“, вели Џо Кол.
„Не се сомневам дека тој ќе биде топ фудбалер за Челси, но мислам дека сега Лампард треба да промени нешто“.
„Зијеш и Хадсон Одои треба да се вратат, треба свежина во нападот. Извади го Вернер, па подоцна стави го пак“.
„Ова е маратон за титулата. Потребно е да се употребува целиот состав. Па можеби Вернер треба да излезе малку, да влезе некој друг од фудбалерите“.