Лестер и
официјално го презентираше мега проектот вреден 100 милиони фунти, поточно
тренинг комплексот кој е грандиозен по било која основа, а таму „Лисиците“ ќе
се преселат со своите активности почнувајќи од утре.




Клубот работеше
на овој проект од ланската година, а од утре ќе има можност и конечно да почне
со работа во истиот каде има 21 терени за тренинг, 14 терени со целосна должина
за тренинзи, како и терен со капацитет до 500 гледачи за натпреварите на
младинските категории на клубот.
Комплексот е изграден
на поранешен центар за голф, но останало нешто и од тој спорт, па фудбалеите и
сите останати членови на клубот ќе можат и таму да ги проверат своите способности.
Зградите, кои ги
има вкупно седум на број, а се дел од тренинг комплексот ќе бидат именувани по
поранешниот прв човек на клубот кој го загуби животот во трагичната
хеликоптерска несреќа, Вичаи Шриваданапраба.
Административниот
и медицински дел од просторот ќе бидат идентично именети, а во истите има
базени за фудбалскиот и нефудбалскиот персонал во клубот, а исто така има и
ресторан како и останати рекреативни центри.


