Џерард тргна со победа, Астон Вила со два гола во финишот го совлада Брајтон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Брајтон беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, но на крајот Астон Вила се радуваше на победата.

Течеше 84. минута кога Воткинс направи една соло акција и постигна убав гол за водство на Астон Вила од 1-0.

Пет минути подоцна Тајрон Мингс се најде на вистинското место и постигна гол за конечни 2-0 за Астон Вила.

Еди Хау не можеше да дебитира како што треба на клупата на Њукасл, позитивен е на ковид-19, па неговите помошници го водеа тимот кој одигра 3-3 против Брентфорд.

3-3 заврши и натпреварот меѓу Барнли и Кристал Палас. 

Успешно тренерско деби имаше Дин Смит на клупата на Норич кој со 2-1 го победи Саутемптон. 

Вулвс со 1-0 беше подобар од Вест Хем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×